Во Делчево одржана средба во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите

  • Новости

Директорката на тимот на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Гинка Капитанова и раководителката на компонентата за децентрализација, Љубица Патлиџанковска, денеска остварија работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. На средбата, која е прва во рамките на проектот, присуствуваа и претставници од општинската администрација кои го сочинуваат општинскиот тим за самооценување.

Процесот на самооценување се спроведува на почетокот на проектот и претставува појдовна точка за дизајнирање на техничката помош прилагодена на потребите на Општина Делчево. Алатката за самооценување им помага на општинските тимови за идентификација на предностите и слабостите и можностите за подобрување.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен, а им помага на владините институции и општините во земјава да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

Минатиот месец градоначалникот Трајковски го потпиша Меморандумот за соработка, со што Општина Делчево стана една од 24-те нови партнер општини на Проектот на УСАИД.

Shares