По повод 146 години од Разловечкото востание, Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонкова Вапцаров“ во партнерство со ПСК „Голак“ реализираа планинарска акција со маршута : Ружини цреши 660 м.н.в. – Тработивишки кукуље 810 м.н.в. – Брана Лошана 828 м.н.в. – Лошански рид 870 м.н.в. – Село Разловци со 690 м.н.в., во вкупна должина од 11 км.
На маршот учествуваа членови од ПСК „Голак“, како и планинари од Делчево, Штип,Виница и Зрновци.
Како што истакна претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, маршутата дала одлична можност за посета и запознавање со природните раритети во овој дел од Пијанец, а по пристигнувањето во с. Разловци значајно внимание било посветено на историскиот дел и фактите за Разловечкото востание.