Почнуваат активностите ОКР 2022

  • Новости

Ангажираните 28 лица преку програмата Општинско-корисна работа 2022, денеска ги потпишаа договорите а веќе од утре, 1 јули, започнуваат со  активности во рамките на Програмата која е дел од Оперативниот план  за активни програми и мерки за вработување за 2022 година. Лицата се ангажирани преку проектот „Социјални улуги за сите“ – финансиран од страна на УНДП и проектот „Грижа за стари лица“ со средства обезбедени од СДЦ.

          Од сите ангажирани лица, 4 ќе даваат услуги во Детската градинка, 6 во Дневниот центар за лица со посебни потреби, 2 во народната кујна, 8 ќе вршат достава на основни намирници кај стари и изнемоштени лица и лица со попреченост и 8 основна нега на стари и изнемоштени лица, услуги кои ќе бидат во рамките на сите 6 активности и во двата проекта. Ќе бидат опфатени што повеќе различни групи на крајни корисници, од деца од претшколска возраст, лица со попреченост, до стари и изнемоштени лица кои ќе добиваат услуги од социјалната сфера.

          Договорот со ангажираните лица е во траење од 9/3 месеци, со задолжителна обука од три месеци за лицата кои не поседуваат сертификат. За извршените услуги ќе им биде исплатен паричен надоместок во бруто- висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

          Вкупниот буџет за проектот „Социјални услуги за сите“ изнесува 1.620.000,00 ден. од кои средства за плати обезбедени од УНДП во износ од 1.166.400,00 ден. и средства за данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест обезбедени од Општина Делчево и целосно финансирање за две ангажирани лица во износ од 453.600,00 ден. Бројот на директни крајни корисници кај овој проект е 431 лице (стари лица и лица со пореченост, деца од претшколско образование, корисници на народна кујна).

          Кај проектот „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ вкупниот буџет изнесува 216.000,00 ден.- средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, со 36 крајни корисници (стари лица и лица со попреченост) и 7 ангажирани лица.

          Активностите ќе се спроведуваат од 1 Јули 2022 до 31 Март 2023 година, на територијата на Општина Делчево, како и во парнерските институции ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево и Дневен центар за лица со посебни потреби.

          „Општинско корисна работа“ претставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време- 20 работни часови неделно, со цел стекнување одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.

Shares