Се гради енергетско-ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Прке“

Деновиве започнаа градежните работи за изградба на енергетско-ефикасна фасада во ООУ „Ванчо Прке“. Реализацијата на проектот е преку Договорот со ТАВ и за овој проект е одвоени 5,1 милион денари.

Увид во почетните работи денеска направи градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека станува збор за значаен проект за ова училиште кој освен што ќе донесе нов лик на училиштето, најзначајно е дека училиштето ќе штеди и енергија.

– Фасадата на училиштето не е реконструирана од неговото отворање во 1972, а изградбата на енергетско-ефикасна фасада е приоритетен проект за нашето училиште и во ова време на еконмска и енергетска криза, освен што значи нов лик на зградата, ќе донесе и заштеда на енергија и повеќе средства во буџетот на училиштето кое сега ги троши за затоплување, рече Трајковски.

Средствата за реконструкција на фасадата на училиштето се обезбедени од пренамена на средства за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост.

Инаку, како што истакна директорот на училиштето Горан Велков, паралелно се одвиваат и градежни работи за санација и реконструкција на дел од кровната конструкција која беше оштетена од недоамнешното невреме кое го зафати Делчево. Станува збор за површина на оштетен кров од 150 м2. Вкупната инвестиција за реконструкција на кровот е 960.000 денари од нив 80% покрива осигурителна компанија, а останатите се средства обезбедени од училиштето.

Shares