Се асфалтира дел од улица „Острец“

Денеска се поставува нов асфалт на критичната кривина на ул „Острец“ која е главна сообраќајница во населбата Трети реон во Делчево, со што завршуваат и градежните работи за реконструкција и проширување на критичната точка од улицата „Острец“. Претходно на овој дел од улицата се изгради амтосферска канализација, како и потпорен ѕид во должина од околу 30 метри и висина до 2, 5 метри. Коловозот е проширен, а  изграден е и тротоар за потребите на пешаците.

Со реконструкцијата и проширувањето на овој дел од улицата се подобрува безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и се обезбедува и соодветен пристап на противпожарни и амбулантски возила со што се одговара на приоритетите на жителите од населбата, но и на сите граѓани.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од големиот инфраструктурен проект кој се преализира преку МТВ и Светска банка, вреден околу 800.000 евра. Во рамките на проектот, во првата фаза се реконструира и се изгради инфраструктура во должина од 6.1 км., односно завршена е реконструкцијата на две клучни сообраќајници во населбата Ново Делчево, „Скопска“ и „Орце Николов“, со вкупна должина од 750 м, а интензивно се работи и на изградба на патот Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км. Во моментов се изведуваат градежни работи на последните 800 метри од оваа делница..

Градежните работи ги изведува фирмата БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

Shares