Хоризонтална и вертикална сигнализација на новите и реконструираните улици

  • Новости

Денеска започна поставувањето на сообраќајната сигнализација на ноовоизградените и реконструираните улици во Делчево.

Се поставува сообраќајна сигнализација на улиците „Острец“, „Скопска“, „Орце Николов“ и новиот локален пат Делчево  – Тработивиште, а во периодот што ќе следува ќе се работи и на дел од улиците „Маршал Тито“, „Вера Јоциќ“, „Улица 3“ и „Улица 4“ во Централното градско подрачје.

Улиците „Острец“, „Скопска“, „Орце Николов“ и локалниот пат Делчево – Тработивиште беа реконструирани во рамки на проектот „Поврзување на локални патишта“, имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски, каде како завршна фаза е предвидено имплементирање сообраќајни решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Додека за дел од улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и „Улица 3“ кои беа реконструирани и изградени во МСИП2- проектот за подобрување на општинските услуги, Општина Делчево имаше обврска за поставување на сообраќајна сигнализација и опремаа „Улицата 4“ се обележува како директна сообраќајна врска со „Улица 3“ и улица „Светозар Марковиќ“.

Имплементацијата на сообраќајните решенија се состои во поставување хоризонтална сигнализација (пешачки премини, стоп линии, разделни линии, автобуско и такси стојалиште итн.),  вертикална сигнализација и опрема, како и технички средства за забавување на сообраќајот.

Финасирањето на сигнализацијата за улиците опфатени во проектот од Министерството за транспорт и врски е во рамки на финансиската конструкција од проектот, додека за улиците од МСИП 2 проектот финансирањето е од буџетот на Општина Делчево.

Изведувач на работите за поставување на сообраќајната сигнализација е БОЈТА ИНГ Скопје.

Воедно, се апелира до возачите на посочените улици каде се изведуваат работи на учиците, да ја почитуваат поставената сигнализација, да возат со намалена брзина и зголемена внимателност.

Shares