Обезбедени инвестиции од 180 милиони денари во првата година од вториот мандат на Трајковски

  • Новости

Почитувајќи го начелото на отчетност и транспарентност, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска на прес-конференција го презентираше сработеното за период од 12 месеци од вториот мандат како градоначалник на Општина Делчево.

Трајковски посочи дека во овие 12 месеци локална власт, обезбедени се инвестиции во висина од над 180 милиони денари.

-Овие средства сами не се одработуваат, потребна е тимска и макотрпна работа и максимална посветеност. Во оваа прилика изразувам благодарност до вработените во Општина Делчево за нивната посветеност и одговорност во подготовката на потребната техничка документација и реализацијата на проектите, за нивниот ангажман и прекувремената работа, рече Трајковски.

Во отчетот, Трајковски ги потенцираше капиталните проекти:

  • Почна изградбата на пречистителната станица за вода за пиење со придружни објекти и фотоволтаична централа во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдување на Делчево.
  • Во тек е тендерот за изградба на новата детска градинка во населбата Расадник во Делчево со која ќе се опфатат 150 дечиња.
  • Новиот градски пазар е во завршна фаза.
  • Изградена првата атрактивна фонтана во центарот на Делчево,фонтаната „Бесконечност“

Енергетска ефикасност

  • Склучен договор за набавка на 90 лед светилки во рамки на грантот од  Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка),  во висина од 1,4 милиони денари.
  • Изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Делчево, со поддршка на ХАБИТАТ-МАкедонија;
  • Инсталирање фотоволтаици во СОУ „М.М.Брицо“ (инвестиција од 1.2 мил ден. преку Фондација отворено општество Македонија).
  • Издадени одобренија за изградба на 6 фотонапонски централи поставени на земја со вкупна инсталирана моќност од 4.746 КВ.
  • Издадени 5 решенија за фотонапонски панели на кров со вкупна инсталирана моќност од 947 КВ.

Реконструкција на водоводната мрежа во Делчево

  • Реконструкција на водоводната мрежа во три населби во Делчево со вкупна должина од 4,5 км.
  • Почеток на реконструкција на водоводната мрежа на улиците „Солунска“, „Ванчо Прке“ и „Острец“.
  • Реконструирана дел од дистрибутивната мрежа во Делчево- зона обиколен цевковод-крак 4 на дел од ул „Плачковица“ во должина од 400 м .
  • Изградена е нова водоводна мрежа во населба „Пролет“ во должина од околу 400 м.
  • Поставена нова водоводна линија на новиот градски пазар и околните парцели во должина од 200 м,
  • Поставена инсталација за атмосферска канализација на улицата кај новиот градски пазар во дочжина од 300 м..
  • Извршена санација и бетонирање на патеките и платформата пред Спомен-дом АСНОМ со површина од 960м2.
  • Реконструирана јавната чешма над с. Ѕвегор покрај магистралниот пат за соседна Бугарија.

Улици и патишта

  • Заврши изградбата на локалниот пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км.
  • Реконструирана улицата „Скопска“
  • реконструиран дел од „Орце Николов“
  • Реконструирана критичната точка на ул „Острец“ со изградба на потпорен ѕид.
  • Изградена нова улица „Улица бр 3“ во централното градско подрачје во Делчево во должина од 370 м.
  • Прв пат асфалт добија улиците:

-крак на ул „Кеј на Брегалница“ во населбата Трети Реон

-ул „Грозданец“ во населбата Расадник,

-две улици во населбата Басарица,

– пристапна улица-крак на ул „Илинденска“

-потпорен ѕид на ул „Маршал Тито“.

наскоро треба да започне:

-реконструкција на дел од „Орце Николов“ во должина од  200 метри

– изградба на крак од „Орце Николов“ во должина од 60 м.

-две улици во населба Басарица.

-крпење на ударните дупки на сообраќајниците низ градот

— изградба на потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри;

  • Рехабилитиран селскиот пат во с. Вирче во должина од 1, 3 км, вредноста на проектот е 2,5 милиони денари.
  • Поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на нови и реконструирани улици.
  • Редовно одржување на хоризонталната сигнализација во градот.

 

Подготвена техничка документација:

– проект за реконструкција и продолжување на дел од „Орце Николов“,

-проект за пристапна улица кон социјалната зграда во Делчево,

-проект за внатрешно уредување на градскиот пазар со паркинзи и улица,

-проект за изградба на две улици: улица 3 и улица 5 во населба „Пролет“

– проект за реконструкција на бул „Македонија“

-се подготвува техничка документација за изградба на неколку улици во населба Ѕвегорска Река

-се подготвува техничка документација за ул „Голачка“ и др. улици во градот и населените места;

– проект за санација и реконструкција на свечената сала во Спомен-дом АСНОМ

 

Инвестиции во противпожарна заштита

 

  • Донација од две противпожарни возила и опрема за делчевските пожарникари од

Доброволната противпожарна бригада во Општина Чрномељ, Република Словенија.

 

Инвестиции во образовните институции

  • Конгресна сала во СОУ „М.М.Брицо“. Инвестиција на училиштето вредна 3, 5 милиони денари.
  • Во ООУ„Св.Климент Охридски“ во тек е преадаптација на поткровниот простор во училиштето и негова пренамена за библиотека-медијатека.
  • Во ООУ „Св.Климент Охридски“ отворена сензорна соба
  • Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек е реконструкција на санитарните јазли.
  • Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек е изградба на енергетско-ефикасната фасада на училиштето.
  • Во ООУ „Ванчо Прке“ изградено инклузивно игралиште
  • Во ЈЛБ„Илинден“ инвестиции во подобрување на условите за чување на библиотечниот материјал.
  • Отворено детско катче и набавени нови наслови во вредност од 350.000 денари во ЈЛБ „Илинден“.
  • Во детската градинка „Весели цветови“ перманентно се набавуваат нови дидактички материјали и играчки, а се инвестира и во подобрување и осовременување на условите за престој на дечињата.

Чиста животна средина

  • Засадени украсни садници по должината на булеварот „Македонија“
  • Затворањето на дивите депонии во Делчево.
  • Поставени 5 контејнери за селектирање отпад од стакло во Делчево врз основа на потпишаниот Договор со Пакомак
  • Набавени и распоредени 169 контејнери со зафатнина 1,1 м3
  • Организирани еколошки акции по повод Денот на пролетта

Родова еднаквост

  • -Изработка на нова Стратегија за родова еднаквост и акциски планови за родова еднаквост.
  • -„Со рoзово за женското здравје“- активност на КЕМ и ЈЛБ „Илинден“ за подигање на свеста на жените за редовни контроли на дојка.
  • -Иницијатива на КЕМ: воведени редовни ехопргледи на дојка во Здравствениот дом „Гоце Делчев“.
  • – Потпишана Декларацијата за поддршка на женското претприемништво и поддршка на Националната платформата за женско претприемништво.

Локален младински совет

-Средби со учениците од училишните заедници во основните и средното училиште со цел утврдување на приоритетите и интересите на младите во Општина Делчево

– Спроведена анкета на повеќе од 200 млади лица од 15 до 29 години за оценување на потребите на младите во Делчево.

– Организирање пинг-понг турнир во машка и женска конкуренција во пресрет на одбележувањето на  Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември.

– Општина Делчево склучи Меморандум за соработка со Коалиција на младински организации СЕГА за спроведување на прокетот „Младите може да бидат слушнати“.

Програма РОМАКТЕД:

-во тек е подготовка на акциски план за намалување на последиците од КОВИД 19 со период на имплементација 2023 година -2024 година

*во тек е подготовка на акциски план на Општина Делчево и ромската етничка заедница за период 2023 година до 2026 година;

*во тек е подготовка на Стратегија за кризен менаџмент на општинско ниво за период 2023 година -2026 година;

 Културни настани

Делчево-фест и Пијанечко-малешевска свадба

Голачки фолклорни средби

Делчево домаќин на државната свеченост по повод 7 Мај-Денот на македонската полиција

Промовирана „Собата на Димитар Узунски“

Концерти во рамките на Делчевско културно лето

Одбележан Ден на Ромите во Делчево

Настани по повод 7 Септември-Свечена седница-доделени општински награди „7 Септември“

Промоција на монографијата од Драган Арсовски и Софрон Ѓеоргиевски „Паметници на Царево Село-цркви и манастири и сведоштва на царевоселци“ и др.

Во овие 12 месеци локална власт, обезбедени се инвестиции во висина од над 180 милиони денари. Овие средства сами не се одработуваат, потребна е тимска и макотрпна работа и максимална посветеност. Во оваа прилика изразувам благодарност до вработените во Општина Делчево за нивната посветеност и одговорност во подготовката на потребната техничка документација и реализацијата на проектите, за нивниот ангажман и прекувремената работа.

Затоа, од овде денеска сакам да испратам порака и остро да се спротивставам на одредени советници кои јавно и безобразно ја напаѓаат општинската администрација и, како градоначалник, застанувам на страната на работниците и нема да се согласам со кршење на нивните права утврдени со закон, напротив, следејќи ги насоките од Владата и законските регулативи, ќе работам во насока, работникот да биде почитуван и мотивиран. Омаловажувајќи ги работниците, ниту еден кој седнал во фотелја во некој орган на управување, нема да си го зголеми угледот во средината. Угледот се заслужува со работа и со домашно воспитување. Во таа смисла е извршено и усогласување на платите и на пожарникарите и на вработените во Општината кои земаа минимална плата.

Почитувани граѓани, во претходниот мандат имавме инвестиции над 500 милиони денари, во оваа прва година од вториот мандат инвестиции над 180 милиони денари во нашата општина, коишто се видливи и на задоволство на сите граѓани, со максимална моја посветеност, со максимална посветеност на општинската администрација, за да ги реализираме сите овие инвестиции и затоа ќе работам и понатаму на унапредувањата на правата на вработените во општинската администрација, затоа што тоа го заслужуваат и затоа што по закон тоа им следува.

Shares