Денови на хуманост-дарувај со љубов

  • Новости

Петти пат по ред, локалните институции по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби ја реализираа манифестацијата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“.  Општина Делчево во партнерство со образовните институции и детската градинка, ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево, „Бравура кооператива“, со низа активности ги организираа годинешните Денови на хуманост.

Целта за оваа активност е да се разбуди филантропијата и општествената одговорност и да се подигне свеста за лицата со хендикеп и нивното место во општеството. Активностите имаат заеднички именител-дека нема свет со различности и дека секој еден е важен.

Подај им рака и биди им другар“ беше мотото под кое ЈЛБ„Илинден“-Делчево по повод 3 -ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на децата од ООУ„Ванчо Прке“ кои се влкучени во редовна настава преку процес на инклузија, им подари сликовници и книги. Подарок книга добија и децата кои се вклучени во редовна настава преку процес на инклузија, како и на децата со пречки во развојот од ООУ„Св.Климент Охридски“ кои наставата ја следат во посебна паралелка. Традициналната ликовна работилница во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и ликовното студи „Белогаски“ ги обедини членовите на ликовното студио и лицата со попреченост, каде се учеа тајните на сликарството и се твореше на новогодишни мотиви. Делата кои се создадоа од оваа работилница ќе бидат подарени на Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево.

Аматерското драмско студио при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“под менторство на професорката Маријана Стоименовска ја одржа премиерата на детската претстава „Македонски туризам“која обработува мотиви од македонски народни приказни. Воедно, образовните институции организираа и низа активности со цел подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивките кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во нивната заедница.

Shares