Завршни работи на адаптација на поткровјето во ООУ „Св.Климент Охридски“

  • Новости

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ завршуваат градежните работи за адаптација и пренамена на поткровниот помошен простор во простор наменат за медијатека-библиотека со што се создаваат услови и за едносменско работење на училиштето. Увид во завршните работи во училиштето направи градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека со оваа преадаптација на неискористениот поткровен простор се создаваат услови за соодветно и максимално искористување на просторот за потребите на училиштето и заштеда на енергија.

Kорисната површина на таванскиот простор е 274 м2 и досега се користеше како помошен простор за складирање непотребни материјали на училиштето и не беше рационално искористен, а со адаптацијата и пренамената на таванскиот простор се овозможи решение за покорисно искористување на таванскиот простор што би било од корист на корисниците, односно учениците, наставниците и пресоналот на училиштето.

 Како што истакна директорот на училиштето, Горан Димитровски, новиот простор е наменет за медијатека во која ќе се вклучат нови создржини: библиотека, читална и простор за состаноци,  уметничко ателје со вклучени: музички инструменти и уметничко сликање, како и мултинаменски хол, а воедно, училиштето во второто полугодие ќе има можност да го врати едносменското работење што значи и поголема заштеда на енергија.

 Овој проект е финансиран од МОН и е со вреднот од 4,3 милиони денари, изведувач е АТРИУМ-ДООЕЛ од Вевчани.

Shares