20. Седница на Советот. Донесени одлуки за нови проекти во Делчево

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 20. Седница на која расправаше и донесе одлуки по 2 точки предложени на Дневниот ред за Седницата кои се однесуваат на апликации по повици на Министерство за локална самоуправа за нови проекти на Општина Делчево.

Советниците донесоа Одлука за сопствено финансиско учество за проектот Реконструкција на стар пат со краци кон село Звегор-Општина Делчево“ кој ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа и Програмата зa рамномерен регионален развој за 2023 со индикативно планирани средства за 2024 година. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 6.000.000,00 денари. За реализација на проектот ќе се обезбеди  учество од буџетот на општина Делчево од 10%.

Средствата потребни за реализација на проектот Реконструкција на стар пат со краци кон село Звегор-општина Делчево“ ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата зa рамномерен регионален развој за 2023 со индикативно планирани средства за 2024 година за проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.

На Седницата, советниците донесоа и одлука за сопствено финансиско учество за проектот „Набавка на машина за метење и одржувaње јавен простор“ кој ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на урбаните подрачја и оддржлив и урбан развој. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 3.000.000,00 денари. За реализација на проектот „Набавка на машина за метење и одржувaње на јавен простор“ ќе се обезбеди  учество од буџетот на општина Делчево од 10%.                                      

Средствата потребни за реализација на проектот „Набавка на машина за метење и одржувaње на јавен простор“ ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за развој на урбаните подрачја и оддржлив и урбан развој.

Shares