ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево е единственото училиште во Делчево, каде се изградија тоалети за ученици со посебни потреби. Во рамките на проектот за реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, финансиски поддржан од МОН, покрај реконструкцијата и промената на водоводната инсталација, поставувањето нова санитарна опрема и плочки во сите 12 тоалети во училиштето, се изградија и два тоалети за ученици со посебни потреби. Инвестицијата на реконструкцијата е на МОН, а вредноста е 6.608.000 ден, цена без ДДВ.
Денеска на увид во завршните градежни работи направи градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека реализацијата на овој проект се решава горливиот проблем со санитарните јазли во училиштето, а значително се придонесува и за подобрување на хигиенските услови во училиштето.
-Ме радува фактот што раководството на учлиштето максимално се вложува за да се овозможат современи услови за настава и работа. Училиштето е изградено пред 50 години и сите проекти кои се реализираат досега и оние кои менаџментот на училиштето со наша поддршка ги планираните за наредниот период, се во таа насока, истакна Трајковски.
Директорот Горан Велков потенцираше дека градежните работи за реконструкција на санитарните јазли во училиштето треба да завршат до крајот на овој месец, а со подобрување на временските услови ќе продолжи и изградбата на енергетско-ефикасната фасада на училиштето што ќе донесе и поголема заштеда на енергија и помалку трошоци за греење на училиштето.