Општина Делчево ja објави јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изведувач на работите по проектот „Реконструкција на локалниот пат Л-14 Делчево-с. Стамер“.
За реализација на набавката се обезбедени парични средства во висина од 5.800.000,00 денари од Република Северна Македонија преку Министерство за транспорт и врски, односно 4.915.254,00 денари без ДДВ, распределени согласно со Одлука донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија и по склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Република Северна Македонија, Министерство за транспорт и врски и Општина Делчево. Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на Поедноставена отворена постапка за набавка на работи, а доделувањето на договорот за јавна набавка е врз основа на економски најповолната понуда која се утврдува врз основа на цената.
Согласно со проектот предвидена е реконструкција на локалниот пат во должина од 1,3 км, односно од клучката од регионалниот пат до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м со банкини.
Отворањето на понудите е на 22 март во 9.00 ч. на електронскиот систем на јавни набави.