Општина Делчево додели грант-средства за граѓански и здруженија од областа на спортот

  • Новости

Општина Делчево распредели 1.160.000 денари од планираните 1.290.000 денари во Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 г. Соодветните комисии ги утврдија листите на граѓанските организациите и спортските клубови кои добиваат поддршка Општина Делчево во 2023 г.

Комисијата за спорт ја утврди следната

ЛИСТА

за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2023година

Р.бр. Назив на спортскиот клуб и  здружение Износ
1. Здружение ФУДБАЛСКИ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА-СЕНИОРИ Делчево 290.000 денари
2.

Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево

200.000 денари
3. Здружение ракометен клуб ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР Делчево 90.000 денари
4.

Кик-боксингклуб АС Делчево

50.000 денари
5. Здружение спортско риболовно друштво БРЕГАЛНИЦА Делчево 50.000 денари
6. Планинарски спортски клуб ГОЛАК –Делчево 50.000 денари
7. Училишен спортски клуб ШАМПИОН-ДЕЛЧЕВО Делчево 20.000 денари
8. Училишен спортски клуб КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ДЕЛЧЕВО Делчево 20.000 денари

 

Правно лице Назив на спортската манифестацијата Износ
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Делчево Тридневен едукативен камп со организација на натпревари 30.000 денари

 

Комисијата за доделување финансиска помош на граѓански организации, ја утврди следната

                                                                               ЛИСТА

Ред.бр. Граѓанска организација Назив на проектот/програмата Цели на проектот Добиен износ во денари
1. Здружение на пчелари-два Програма за унапредување и развој на пчеларството во Општина Делчево. Целта на програмата е унапредување на пчеларството во општината, зачувување на пчелниот фонд, зголемување и полесно и поефикасно оплодување на овошките.

 

20.000 ден
2. Здружение на роднокрајни

автори ПИЈАНЕЧКИ ГЛАС Делчево

Проект „Културни хоризонти“ Проект од областа на културата и неговата цел е претставување роднокрајни автори од сите области на творењето со цел одбележување на 20- годишнината од формирањето на здружението и подигање на јавната свест за поголема поддршка на роднокрајните автори. 30.000 ден.
3. Здружение Ф.Г.„Копачка“с. Драмче Делчево годишна програма „Прослава на јубилеј- постоење на ЗФГ КОПАЧКА с.Драмче, Делчево Цел е јакнење на свеста на младата популација за културното наследство на Пијанец и прослава на 75 години постоење на ФГ „Копачката“, а со тоа исполнување на предусловите за одржливост на орото „Копачка“на Репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО 50.000 ден
4. Ромски културен и едукативен центар „ТЕРНИПЕ МК“ Делчево „Со реализација на правата кои ми припаѓаат“ Целта на овој проект е со знаење до реализација на правата кои им припаѓаат на маргинализираните и ранливите групи на граѓани од Делчево преку описменување за правата од социјална и здравствена заштита преку медиумска презентација, работилници, трибини, брошури и индивидуални средби за застапување со преставници од институциите 30.000 ден.
5. ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК-Делчево Проект за мрежа на рекреативно-планинарски патека Свети Води Целта на проектот е развој на туризмот, заштита на локалитетите, нивна промоција, развој на активен и планински туризам. Главни активности се мапирање, уредување, поставување маркација, поставување патокази и инфотабли. 50.000 ден
6. Здружение Регионален центар за застапување-Делчево Буџетски форум 2024 година Целта на проектот е подготовка на општинскиот Буџет за наредната година преку со вклучување на граѓаните во планирањето и трошењето на општинските срдства кои се прибираат од граѓаните,транспарентност и партиципативност при донесувањето на Буџетот преку граѓанско учество. 90.000 ден
7. КУД „Гоце Делчев“ Набавка на опинци, реквизити и носии за КУД „Гоце Делчев“ Делчево -Традицијата продолжува Целта е набавка на опинци,реквизити за постановка на кореографии, делови на докомплетирање на народните носии, апарат за фото и видеоснимање за архива, одбележување значајни настани од историското и културното минато, активности од посебен општествен интерс и сценска адаптација на кореографија „Делчевско ситно“. 90.000 ден.

Здруженијата и спортските клубови кои добиле финансиска поддршка од Општина Делчево наредните денови ќе потпишат договори со Општина Делчево за наменско користење на финансиските средства, а на средината и на крајот на календарската година треба да достават извештаи за наменско користење на добиените средства.

Shares