Новиот градски пазар предаден на трајно користење на ЈКП „Брегалница“

  • Новости

Со одлука на Советот на Општина Делчево, новиот градски пазар е предаден на трајно користење на ЈКП „Брегалница“. На 22 Седница, советниците едногласно ја поддржаа одлуката со која недвижната ствар и движните ствари-опрема  од новиот градски пазар се даваат на трајно користење без надоместок на Јавното комунално претпријатие Брегалница“. Воедно, со Одлуката се задолжува корисникот, Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, да го стави во функција, да стопанисува, да го чува и одржува во исправна состојба и да го користи исклучиво за намената за која е дадени.

Shares