ЈЛБ „ИЛИНДЕН“ Делчево го одбележа 5 мај денот на македонската азбука и македонскиот јазик

  • Новости

Денеска ЈЛБ„Илинден“-Делчево го одбележува 5 мај денот на македонската азбука и македонскиот јазик,заедно со учениците од ООУ„Св.Климент Охридски“.

На почетокот од приредбата Михаела Начовска, ученичка од ООУ„Св.Климкент Охридски“ зборуваше за македонскиот јазик и азбука, а веднаш потоа учениците од трето одделение при ова училиште пееја и рецитираа во чест на македонскиот јазик и азбука.Огромна благодарност до сите ученици и до нивните наставнички Сузана Давиткова, Латинка Георгиевска и Маја Јовановска.

На еден убав начин сите заедно го одбележавме денот на македонската азбука и јазик.

Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија, донесена на 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија.Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем.

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови.

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал службен јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.Да си го зачуваме нашиот јазик и да си ја сакаме нашата азбука.

Нека е честит денот на македонската азбука и јазик!

Shares