Прв извештај од спроведено теренско истражување во рамите на проектот Република Северна Македонија – погранични економски активности со Бугарија: Запоставена димензија

  • Новости

Центарот за еономски анализи – Скопје (ЦЕА- Скопје) во рамките на проектот “Република Северна Македонија – погранични економски активности со Бугарија: Запоставена димензија”  ги презентираше наодите од провото теренско истражување спорведено на територија на пограничните општини Берово, Пехчево и Делчево. Проектот е финансиран од бугарската помош за развој.

За Проектот

Општа цел: Промовирање на социо-економска кохезија, вклучувајќи работа со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионална стабилност и меѓусебна соработка, социо-економска соработка.

Специфични цели: Градење на истражувачките капацитети на младите; Мобилизирање на дебата заснована на докази за економските активности во пограничниот регион Делчево, Пехчево и Берово; Подигнување на свеста за потребата од подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија

Целна група: Месното население на Берово, Пехчево и Делчево; Државната и општинска администрација на трите општини, со што е можно поголем опфат на резултатите од реализираниот проект.

Поважни заклучоци од истражувањето

Во овој прв извештај, севкупната состојба од теренското истражување укажува дека посетите од бугарските граѓани се значително намалени главно поради политичката ситуација помеѓу двете земји (според исказите на мнозинство од испитаниците).

Очекувањата за летниот период се позитивни. Во овој период на известување гостите од Бугарија немале особени барања освен во еден случај на посебен специјалитет за јадење во еден од рестораните во Делчево. Во овој период гостите од Бугарија немале ниту поплаки освен повторно во еден случај со поплака за високите цени во една од поголемите малопродажни продавници во Делчево.

Ефектите за локалната економија од посетите на бугарските потрошувачи се најголеми во Делчево и изнесуваат околу 4% споредено со општинските сопствени приходи што ги собира општината. Пониска вредност е ефектот кај општините Пехчево (1,1%) и Берово (0,4%).

Воведување на микрорегион кој ги опфаќа општините Делчево, Пехчево и Берово за привлекување на поголем број на посетители од Бугарија преку подобрување на соработката и координацијата. Сепак, тоа би барало унапредени  локални патишта, подобра соработка и координација на локалните политики за да се претстави овој микрорегион пред бугарските посетители. Тоа исто така значи и запознавање со профилот на бугарските посетители, и нивните посебни барања.

Постои потенцијал за здравствен туризам во овој микрорегионЗаболекарите и амбулантите од Делчево на пример известуваат за можност на зголемен промет и до 20% (Берово и до 30%) доколку се подобри патната инфраструктура.

Целосносто истражување е достаппно на следниот линк:

Shares