ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ДЕЛЧЕВО формиран со Одлука за формирање на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево усвоена од Советот на Општина Делчево со број 09-1135/1 од 12.05.2023 година (Службен гласник на Општина Делчево бр.7 од 18.05.2023 година), на ден 08.06.2023 година ја одржа првата конститутивна седница со следниот дневен ред:
- Запознавање со Одлуката за формирање на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево;
- Предлог Деловник за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево;
- Предлог Одлука за избор на Секретар на Советот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево;
- Предлог Одлука за формирање на работни групи во рамки на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево;
- Предлог Годишна програма за работа на ОСБСП Делчево за 2023 година;
- Разно.
Задачите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево особено се:
– унапредување на работите поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата во општина Делчево;
– унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно-образовната работа на предучилишните установи и училиштата;
– остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и други субјекти по прашањата на самозаштита во областа на безбедноста во сообраќајот;
– организирање и учество во сообраќајно – воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива;
– поттикнување, развивање и помагање на научно – истражувачка работа во областа на сообраќајот на патиштата;
– организирање на научни и стручни собири за работи од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата;
– соработка со средствата за јавно информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Предложените точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од присутните членови, а како заклучоци од точката разно произлегоа препораки за училиштата и превозниците со цел зголемување на безбедноста на децата како патници за време на превоз.