Во врска со последиците од вчерашното невреме кое го зафати градот Делчево, Општина Делчево ги известува граѓаните за внимателно и одговорно учество во сообраќајот на целата патна и улична мрежа во Општината.
1. дел од улицата „Вера Јоциќ“ е целосно затворена за сообраќај заради оштетување на коловозната конструкција.
2. улиците „Ванчо Прке“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“ се делумно затворени за сообраќај заради оштетувања на коловозната конструкција и санирање на оштетувањата.
3. На локалниот пат Л-2 Делчево – Полето предизвикани се оштетувања на банкината од едната страна на патот и свлекувања и наноси од земја и песок на коловозот.
4. На дел од улицата „Маршал Тито“ десната сообраќајна лента е блокирана од наноси од земја, песок и камења, а на делница од улицата „Македонска“ поради општетување на коловозната конструкција на десната сообраќајна лента, сообраќајот се одвива со наизменично движење на возилата по левата сообраќајна лента.
5. Оштетувања на коловозната површина во помал обем се евидентирани и на улиците „Голачка“, „Индуструска“, „Малешевска“ и „Иво Лола Рибар“.
На останатите улици по коловозите се евидентирани наноси од песок, камења и кал кои етапно ќе се прочистуваат.
Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, сообраќајните правила и прописи и да се движат со зголемена внимателност, а по потреба да ги користат останатите улици од сообраќајната мрежа, како алтернативни правци за движење.