Десетте најдобри матуранти заминаа на наградното патување низ Европа

  • Новости

На заслужено 13 дневно наградно патување низ Европа, вчера заминаа десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“. По избор на матурантите, наградното патување се состои во патување за Шпанија на следната релација: Скопје-Белград-Загреб-Венеција-Верона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло-Милано-Скопје. Предвидено е 1 (едно) ноќевање во областа Венето, Италија; 6 (шест) полни пансиони во Коста Брава, Шпанија; 1 (едно  ноќевање во околината на Милано.Разгледување на Венеција, Верона, Кан, Ница, Монако, Монте Карло и Милано.

Патувањето е организирано преку туристичката агенција Холилеј травел-Скопје, а вредноста на наградното патување е 300.000 денари, средства од Буџетот на Општина Делчево.

Наградното патување низ Европа за најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија е традиционална награда и Општина Делчево ја доделува со цел мотивирање на средношколците за постигнување одлични резултати во образовниот процес.

Shares