Започна санацијата на патната инфраструктура оштетена од невремето во Делчево

  • Новости

Од улицата „Царевоселска“ денеска започнаа градежните работи за санација на улиците оштетени од неoдамнешното невреме проследено со поплави во Делчево. Санацијата предвидува орапавување на постоечкиот асфалтен коловоз, асфалтирање со нов слој во должина од 220 м и површинско одводнување на водата до постоечки сливни решетки и сливници.

Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта.

Во рамките на Одлуката на Владата за санација на последиците од невремето е предвидена санација и на останатат патна инфраструктура оштетена од невремето во Делчево.

Претходно во Делчево со механизација и инженерски тим од АРМ, а и во рамките на интервентното одржување на инфраструктурата, се исчистени ендеците, речните корита и водотеците во градежниот реон на Делчево.

Shares