Нов асфалт на локалниот пат за с. Стамер

Денеска завршува асфалтирањето на локалниот пат за с. Стамер кој за прв пат од неговата изградба доби комплетна и темелна реконструкција.

 Со реконструкцијата е опфатена вкупната должина на локалниот пат од 1.3 км, односно од клучката од регионалниот пат Делчево-Берово до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м, како и изградени банкини покрај патотСо оваа градежна интервенција се подобрува сообраќајната комуникација со селото, а се  подобрува и безбедноста во сообраќајот.

Средствата за реконструкција на локалниот пат за с. Стамер се обезбедени преку МТВ во износ од 5.143.644,4 денари со вклучен ДДВ. Градежните работи ги изведува СТОИМЕНОВ  ДООЕЛ Кочани.

Shares