Во Делчево основците играа фудбал во рамките на одбележувањето на Европската недела на спортот. Фудбалски натпревар во мешана конкуренција помеѓу учениците од петто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ се реализираше како дел од проектот EWoSBEAST што го спроведува Агенцијата за млади и спорт.
Преку проектот, Агенцијата дејствува, не само да ги активира младите физички, туку и да го унапреди нивното физичко здравје и благостостојба Зближувањето на младите од различни заедници, негувањето врски помеѓу различните организации и заедници, како и рушењето бариери, како што се културните, половите и националните, се дел од резултатите кои се очекувани од EWoS BEAST.