Работилница за јакнење на капацитетите за Архуската конвеција

  • Новости

Регионалниот центар за застапување Делчево денеска ја одржува втората работилница во рамки на проектот за јакнење капацитети за Архуската конвенција и за нејзините вредности за претставници од општините во регионот, локалните институции и граѓанските организации.

Во рамки на проектот, денес претставник од Архусентарот во Скопје спроведуваат еднодневна обука на тема Учество на јавноста во донесување одлуки од областа на животната средина и пристап до правда за прашања од областа на животната средина“.  Родне Деолска од Здружението Регионален центар за застапување информираше дека ова е проект со кој се продолжува залагањето на Здружението за јакнење на капацитетите на администрацијата и граѓанскиот сектор од целиот регионот на тема Архуска конвенција – откако пред неколку години беа обучени околу 80 лица од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица

 – Граѓаните, прво, треба да си ги знаат своите права поврзани со животната средина, исто како што треба да ги знаат и своите обврски етички и законски. Потоа, треба да знаат дека секоја институција во Македонија има лице задолжено за слободен пристап на информации за што треба да го знаат процесот на барање и добивање информација која им треба и им е важна. Дека имаат и треба да ја искористат секоја можност да се вклучат во јавни расправи и процеси на носење одлуки. Ова се работи кои во делот за животна средина ги регулира Архуската конвенција. Ние на оваа обука денеска конкретно зборувавме за двата столба на Конвенцијата пристап до правда и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки. Претходната обука ни беше за слободен пристап до информации од јавен карактер – истакна Деолска.

 Освен овие обуки за јакнење капацитети, во завршна фаза е истражувањето со прашања од јавен караткер до општините од регионот за тоа колку стратешки документи се донесени во последните четири години, на колку и кои документи е направен стратешка оценка на влијанието на животната средина SEA и EIA, дали имало партиципативно учество на граѓаните при изработка на документите и за колку и кои проекти се направени елаборати за влијание на животната средина.

 Проектот се спроведува со поддршка од Министерството за животна средина.

Shares