Општина Делчево во групата општини со задоволително ниво на отвореност

  • Новости

Општина Делчево е во првите 8 општини во државава со задоволително ниво на отвореност на општините и со индексни поени од 70.6. Ова го покажува анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) кое веќе трета година ја мери транспарентноста, отчетноста, вклученоста и правичноста на општинските буџети преку Индексот за отворени општини (ИОО).

Во групата општини со задоволително ниво отвореност спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, Центар – 66.2, Струмица – 65.6, Богданци – 65.6 и Берово – 61.7.

Покрај, осумте општини кои имаат задоволително ниво на отвореност, 13 локални единици имаат доволна отвореност на буџетскиот процес (вредност на ИОО меѓу 41 и 60), а најголем број од општините, вкупно 49, имаат минимална отвореност на буџетскиот процес (вредност на ИОО меѓу 21 и 40). Недоволно ниво на отвореност имаат дури 11 општини. Сето ова посочува дека најголемиот дел од општините имаат минимална отвореност на општинските буџети кон граѓаните во 2022, се вели во истражувањето на ЗМАИ.

Резултатите покажуваат дека просечната вредност на ИОО за 2022 година е 35,2, односно отвореноста на општинските процеси е на минимално ниво. Од друга страна, поставените стандарди за отвореност покажуваат дека општината мора да има индекс од барем 61 за да има задоволително ниво на отвореност.

Општина Делчево е и единствена општина оценета со индексен поен кој покажува сеопфатна вклученост и праведност во областа каде се цени вклучувањето, како и колку граѓаните, особено маргинализираните групи, се вклучени во буџетскиот процес, т.е. ако се во можност да го изразат своето мислење за локалниот буџет и дали се зема предвид нивниот глас. Еднаквоста испитува како се застапени маргинализираните групи во различните фази на буџетскиот процес.

Инаку, акцентот на процесите на локалниот буџет во анализата е претставен преку три области:

1.Транспарентност

2. Вклучување и правичност

3.Отчетност

Резултатите и од оваа анализа покажуваат дека Општина Делчево е на вистинскиот пат за постигнување на целта- отчетно и транспарентно работење во служба на граѓаните. Согласно анализираните параметри во Извештајот, како приоритет во наредниот период остануваат заложбите за постигнување високо, односно сепофатно ниво на отвореност. Целиот извештај можете да го прочитате на следниот ЛИНК

Shares