Втора форумска сесија за креирање на Буџетот за 2024

  • Новости

Во Делчево денеска се одржа втората форумска сесија за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2024 год, на која активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции. На сесијата главни теми за работа беа областите образование, социјална заштита, култура и граѓански сектор. Освен презентации на програмите на Општина Делчево во овие области, учесниците на форумот работеа и на определување приоритети, а беше презентирана и прелеминарната листа на приоритетни проекти одбрани на првата форумска сесија.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година детектирани од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.

Форумите се во организација на Регионалниот центар за застапување и Општина Делчево, а планирани се три форумски сесии. 

Shares