Отпочна процесот на социјално мапирање. Одржани средби со фокус-групи

  • Новости

Во Делчево денеска се одржаа средби со претставници на засегнатите ранливи категории граѓани и членовите на Советот за социјална заштита проширен со претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.  На овие средби граѓаните и претставниците на институциите имаа можност да разговараат и со  д-р Јован Ананиев, претставник на Центарот за европска граѓанска иницијатива, организација која е партнер за спроведување на социјалното мапирање.

Средбите се организираат со цел посеопфатно и подлабинско утврдување на потребите на одделните категории граѓани, како и да се добијат препораки кои произлегуваат од институциите и граѓаните кои припаѓаат на одделни засегнати категории и се во контекст на спроведување на социјалното мапирање.

Активноста е во рамките на регионалниот проект „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ кој го спроведува ЗЕЛС и Мрежата на асоцијации на локални власти на ЈИЕ – НАЛАС. Проектот се спроведува во соработка со ГИЗ Германско друштво заинтернационална соработка во име на Сојузното Министерство за економска соработка иразвој (БМЗ).

Социјалното мапирање, како активност е предвидена и во Акцискиот план на Општина Делчево и има за цел да ги утврди потребите на одделни категории на граѓани и предизвиците со кои се соочуваат, со цел да се дефинираат препораките, кои ќе бидат формулирани во мерки и активности, кои што ќе се преземат од страна на општината.

Shares