Одржан Форум „Ние сме сè уште тука за тебе“

  • Новости

Подигање на свеста за семејното насилство, охрабрување на жртвите да го пријавуваат насилството, зголемување на довербата во институциите се пораките кои ги испратија присутните на форумот „Ние сме сè уште тука за тебе “. Форумот беше во организација на НВО КХАМ со поддршка на шведската Фондација Квина Тил Квина, Коалицијата Маргини, а е продолжение на Кампањата „Тука сме за тебе“ која изминатиов период се работеше во Делчево, Пехчево и Берово со активно учество и на КЕМ на Општина Делчево, Здружението на пензионери и Дебатниот клуб на МОФ од Делчево.

-Организираната трибина е продолжение на кампањата што се работеше во општина Делчево заедно со општините Свети Николе и Штип, со цел да стане јасно дека не само невладините, туку сите овие услуги и можности треба да се дадат и им понуди на жените и девојчињата изложени на семејно насилство за да укаже дека сè уште сме тука за нив. Шетајќи низ државите и разговарајќи со жртвите на семејно насилство, дојдовме до сознание дека навистина треба да ги вложиме сите ресурси што ги имаме на располагање, за да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, рече модераторот Огнен Јанески.

Во рамки на настанот „Ние сме сè уште тука за тебе“, се обрати и претседателот на Здружението на пензионери, д-р Виолета Арсова која посочи дека во Делчево во последно време сведоци сме и насилство врз старите лица, а психологотт Дејан Глинџарски зборуваше за менталното здравје и психичките последици кај жртвите.

Координаторот на проектот, Бети Толевска, додаде дека сите оние на кои им е потребна каква било помош, без разлика дали е правна или психосоцијална поддршка, а се наоѓаат во некоја од маргинализираните групи, можат слободно да се обратат во нивната канцеларија, за да им објаснат како да стигнат до правдата или поконкретно до психосоцијална поддршка.

Shares