Советот на 29 Седница го усвои Планот на Програмата за развој на Општина Делчево за 2024 година во кој изградбата на детската градинка во населбата Расадник е капитален и развоен проект. Учеството на Општина Делчево во реализацијата на проектот изнесува 12.225.926 ден., МТСП инвестира 48.059.641 ден, а вкупната вредност на изградбата на детската градинка 60.285.567 ден. Одобрениот план на програмите за развој ќе биде составен дел на Буџетот на Општина Делчево за 2024 година.
Советниците го усвоија Кварталниот извештај за третиот квартал. Извршувањето на приходите во Буџетот на Општина Делчево за третиот квартал, односно за периодот до 30.09.2023 година изнесува 74,72%, односно од вкупно планираните 318.298.293 денари реализирани се 237.832.435 денари. Процентот на реализација на тековно- оперативните приходи е 75,40%, додека на капиталните приходи е 44%. Приходите во Основниот буџет се планирани во износ од 102,094,000 денари, а релизирани се 79,7%, односно 81.392.494 денари. Во буџетот на наменска дотација од планирани 199.375.580 денари приходи, реализирани се 145.844.753 денари, односно 73,15%. Во Буџетот на самофинансирачки активности реализацијата на приходите е 42%, додека кај Буџетот на донации изнесува 129%. Од анализата на тековно- оперативниот биланс се гледа дека најголема е реализацијата кај група 71-даночни приходи од 83%, односно од планирани 47.468.000 реализирани се 39.384.552 денари. Најголема е реализацијата кај данок од доход, од добивка и од капитални добивни и кај даноците на специфични услуги. Наплатата на даноците на имот заклучно со третиот квартал е 40%, додека на даноците на специфични услуга тој процент е 126 и се должи на зголемените приливи по основ на надоместок за уредување на градежно земјиште.
На Седницата се донесое три одлуки со кои се утврдува потребата од определување заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од страна на човекот околу експлоатациските бунари на локација во с.Тработивиште и на локација во Делчево, како и на браната Лошана. Границите на заштитните зони за водни тела наменети за консумирање од страна на човекот ги определува Владата на РСМ на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. Со одлуките се задолжува ЕЛС Делчево да достави елаборати за одредување на границите на заштитните зони, заштитните мерки и други услови за водите наменети за консумирање од човекот на трите локации.
Советниците донесоа Одлука за формирање нов Совет за социјална заштита за остварување на дејноста на социјалната заштита во Општина Делчево и развивање локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјалната заштита. Советот за социјална заштита на Општина Делчево се формира во следниот состав:
– Сузана Петровска, претставник на Општина Делчево,
– Марија Аџиска, претставник на ОВР Делчево, ПС- ОН Делчево,
– Кристина Аралампиевска, претставник на Основно јавно обвинителство Делчево,
– Спец. д-р Љупка Калаџиска, претставник на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево,
– Влатко Митев, претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево
– Сања Костадиновска претставник на Центар за вработување Делчево,
– Весна Димитровска, претставник на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево,
– Маријана Стоименовска, претставник на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево,
– Верица Боинска, претставник на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево,
– Билјана Ѓеоргиевска, претставник на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Делчево,
– Александар Николов, претставник на ЗГ „БРАВУРА КООПЕРАТИВА“ Делчево,
– Санела Момчилов, претставник на НВО КХАМ Делчево,
– Бети Толевска, претставник на Организација ЖЕНА Делчево,
– Презвитер Милан Ничевски, претставник на Делчевско – каменичка епархија
– Оџа Сефадин Селимовски, претставник на Исламска верска заедница џамија „Фатих Мехмед II“ Делчево.
Советот за социјална заштита на Општина Делчево има надлежности да изготвува социјален план за подрачјето на Општина Делчево, врз основа на кој Градоначалникот на Општина Делчево изготвува Годишна програма за социјална заштита која ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ; предлага локални мерки и активности за социјална заштита. Мандатот на членовите на Советот за социјална заштита изнесува 4 (четири) години.
Советниците ја усвоија Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2023 година;
Исто така, на Седницата беше усвоен и Деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2023-30.09.2023, а беше донесена и Одлуката за задолжување на претпријатието кај деловните комерцијални банки соодобрен износ на дозволено пречекорување во висина од 2.000.000, 00 денари, како и Измена на Годишниот план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2023 година.