Општина Делчево за фискалната 2022/23 година е оценета со максимални индексни поени 16 што е подобрување за 2 поени од претходната година. Овие податоци се дел од анализата на ЦЕА која неколку години по ред го мери Индексот на достапност на буџетските документи кај ЕЛС.
Бројот на најтранспарентни општини со максимален број на индексни поени е поголем од минатиот период, и ги вклучува следните единици на локална самоуправа: Аеродром, Центар, Радовиш, Берово, Делчево, Кочани, Кичево и Центар Жупа. 29 ЦЕА ја следи буџетската транспарентност на сите ЕЛС во РСМ повеќе години назад и редовно го подготвува
Кај групата на најтранспарентни општини (16 ЕЛС со индексни поени од 15 до 16) за 2022/2023, исто така, се бележи општо унапредување на фискалната транспарентност споредено со претходната година. Имено, прагот на најтранспарентните општини оваа година е зголемен за речиси 1 индексен поен. Просечниот индекс на најтранспарентни општини за фискалната 2021-2022 година изнесуваше 14,7, додека за фискалната 2022-2023 истиот изнесува 15,5.
Во најтранспарентни општини се вбројуваат и 10 од партнер– општините на проектот на УСАИД кои се поддржани во втората група и тоа: Битола, Прилеп, Новаци, Град Скопје, Радовиш, Крива Паланка, Брвеница, Берово, Делчево и Кочани. Општините Новаци и Радовиш бележат најголем скок во унапредувањето во рамки на групата најтранспарентни општини, чијшто индекс се зголемил за по 5 индексни поени.
Даночната транспарентност на Општина Делчево е оценета со средно ниво или 58%, а во споредба со минатата година има подобрување за 13%.