Со средства од Буџетот на државата за 2023 година во делот за капитални дотации, во Делчево ќе се реализираат три инфраструктурни проекти. Вредноста на проектите е 15,7 милиони денари, а согласно со поднесените апликации од Општина Делчево, ќе се градат следните улици во Делчево:
– Изградба на улица „ 3“, „5“и „6“ во населба „Пролет“, во должина од 510 м, со вредност од 9.225.000 денари,
– изградба на краци на улица „Орце Николов“ во должина од 300м, со вредност од 3.640.000 денари
– изградба на дел од улица– булевар „Македонија“ во должина од 141м во вредност од 2.878.000 денари. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект ќе се поврзе улицата- булевар„Македонија“ со ул „Пере Тошев“.
Реализацијата на овие инфраструктурни проекти е одговор на барањата на жителите од три населби во градот и доказ за посветената работа и инвестиција во урбано и модерно Делчево.