Поделени 40 хуманитарни пакети во Делчево

  • Новости

Денеска во Делчево се реализираше традиционалната хуманитарна акција по повод новогодишните празници и Денот на солидарноста, 20 Декември. Општина Делчево заедно со компанијата „Зегин“ поделија 40 пакети со храна кои беа дистрибуирани во ОО на Здружението на пезнионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.

Како што истакна градоначалникот Трајковски, целта на хуманитарната акција е да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават празниците и да се покаже на дело дека никој не е заборавен.

– Декември како месец на радост, прослава, топлина, давање, дружење и помагање, исто така, е и месец во кој се слави Меѓународниот ден на човечката солидарност, 20 Декември. Ден како потсетник за важноста на солидарноста, ден кој ги поврзува и обединува народите. Важно е да им помагаме на другите во тешките моменти, да се радуваме на туѓите успеси, да сочувствуваме со другите. Солидарноста, сочувството и помагањето на другите, се благородни особини кон кои општеството и поединецот треба постојано да се стремат, порача Трајковски.

Shares