Заврши процесот на социјалното мапирање на ранливите категории граѓани во Делчево

  • Новости

Заврши процесот на социјално мапирање на ранливите категории граѓани со посебен фокус на потребите на лицата со попреченост, жени и девојки со попреченост кој го спроведуваше Општина Делчево во партнерство со НВО „Бравура кооператива“, а во рамките на регионалниот проект „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ имплементиран од Мрежата на асоцијации на локални власти на ЈИЕ – НАЛАС и Асоцијациите на локалните власти од Западен Балкан, а со поддршка на ГИЗ и ЗЕЛС.

По завршениот процес на социјалното мапирање кој го почитува принципот „Не оставајте никој зад себе“, ќе се подготвува Извештај кој има за цел да ги утврди потребите на одделни категории граѓани и предизвиците со кои се соочуваат, со цел да се дефинираат препораките кои ќе бидат формулирани во мерки и активности коишто ќе се преземат од страна на Општината или ќе бидат делегирани на НВО, како овластени даватели на социјални услуги.

На координативната средба која се одржа во Делчево, а на која присуствуваа преставници на клучните институции вклучени во реализација на проектот за регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво, беше разговарано и  за досегашниот тек на социјалното мапирање во Делчево и во Куманово, подготовката на извештајот, при што беа дадени роковите и насоките за идното дејствување на општините со цел финализирање на активностите во насока на поддршка за проширување на услугите за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, жените и девојки со попреченост и мигрантите (повратниците од странство). 

Начелото Не оставај никој зад себе (LNOB) е централно и трансформативно ветување на Агендата 2030 на ОН која се стреми никој да не остане изоставен во напорите за одржлив развој. Ова подразбира дека властите ќе треба да посветат посебно внимание на потребите на најзагрозените и маргинализирани групи, како и да развијат наменски интервенции за осврнување кон конкретните потреби и предизвици. Економиите од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се имаат обврзано да ги имплементираат Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации, додека, пак, локалните самоуправи ја имаат преземено обврската за остарување на Агендата 2030, почнувајќи од самото утврдување на целите и специфичните цели, па сè до средствата за нивно спроведување и користење индикатори за мерење и следење на напредокот. Воедно со локализацијата на Агендата 2030 во фокусот на одржливиот развој се најдоа териториите и приоритетите на луѓето кои живеат таму, како и нивните потреби и ресурси. Повеќе од кога и да е претходно, постигнувањето на ЦОР зависи од способноста на локалните и регионалните самоуправи да поттикнуваат интегриран, инклузивен и одржлив територијален развој. 

Shares