Евалуација на проектите од Програмата за зачувување на природата во Македонија реализирани во Делчево

  • Новости

 

Општина Делчево беше домаќин на тим од евалуатори за спроведените проекти од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“ која беше имплементирана со финансиски средства од Швајцарската конфедрација. На состанокот, градоначалникот Горан Трајковски го потенцираше значењето на реализираните проекти кои се во насока на зачувување на животната средина и промоција на туризмот.

Општина Делчево имплементираше и беше дел од поголем број проектите кои ги спроведе Програмата во регионот.

Дел од проектите кои беа имплементирани во рамки на Програмата се: Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“, замена на дел од уличното јавно осветлување со ЛЕД- диодни светилки и осветлување на терените во ОУ „Ванчо Прке“, Обуки за вработените за туризам и животна средина, „Натура 2000“, Изработка на просторен план, Зштита на три подрчја во Општина Делчево. Покрај овие проекти во рамки на Програмата беше изграден и Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, Информативен туристички центар на Осогово и други проекти од интерес за локалната заедница.

Од страна на граѓанските оргнизциии во соработка со Општина Делчево беше изградена пешачката патека покрај реката Брегалница во централното градско подрачје во Делчево и беа поставени 6 колекторски системи за топла вода во ОУ „Ванчо Прке“ во Делчево.

Shares