Завршната сметка е консолидирана сметка на сите планирани приходи и расходи и тоа во: основниот буџет, буџетот на наменски дотации, буџетот на донации, самофинансирачките активности и буџетот на заеми или кредити, распоредени во соодветни програми и потпрограми.
Врз основа на член 33 од Законот за финансирање на ЕЛС и член 53 од Законот за Буџети, Советот на Општината ја донесува завршната сметка на буџетот на општината најоцна до 15-март во тековната година, и се доставува до Министерство за финансии најдоцна до 31 март во тековната година.
Од вкупно планираните приходи и приливи во буџетот на општината во износ од 352.121.715 ден. наплатени се 326.449.832 ден.односно 93% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од вкупно планираните 126.845.582 денари наплатени се 112.139.401 или изразено во проценти 88%.
Прегледот на поголемиот дел од остварените приходи во основниот буџет по позиции изгледа вака:
Во групата 71 даночни приходиреализирани се 51.220.997денари и во нив влегуваат:
- Данок од доход -5.072.889
- Даноци од имот – 12.545.003 во кои влегуваат:
- Данок на имот од физички лица 556.072 ден.
- Данок на наследство и подарок 1.794.012 ден.
- Данок на имот од правни лица 291.849 ден.
- Данок на промет на недвижности и права 3.903.070 ден.
Даноци на специфични услуги 33.600.505 ден. во кои влегуваат:
- Комунална такса за истакната фирма – 1.227.500;
- Комунална такса за користење на улици со патнички и товарни моторни возила-1.345.400;
- Комунална такса за користење и оржување на јавно осветлување-15.056.130;
- комунална такса за користење на плоштади и др.простор-76.890;
- надоместок за уредување на градежно земјиште-15.890.313 ден.;
–парични казни од комунални прекршоци -2600
Во групата 72-неданочни приходи каде реализацијата на приходи е 1.788.123 денари, влегуваат следните потставки:
- глоби, судски и административни такси-517.670;
- такси и надоместоци-359.196
- други неданочни приходи-911.257
Капиталните приходи се наплатени во износ од 3.376.097 и во нив влегуваат:
- приходи од продажба на земјиште и намтеријални вложувања-814.092
- приходи од закуп на земјоделско земјиште-1.663.040
- надоместок за концесии и експлоатација на минерални суровини по простор-103.519
- надоместок за концесии и експолатација на минерални суровини по експлоатирана минерална суровина-521.964
- надоместок за утврување на правен статус на бесправно изградени објкети-269.921
Група 74-Трансфери и донации- се со реализација од 71.497.184 денари, овде влегуваат:
- датоциите на општината по основ на ДДВ-35.282.216;
- трансфери од буџетите на фондовите-3.347.032
- трансфери од други нивоа на власт-32.867.936
Од вкупно планираните расходи во буџетот за 2023 година, во износ од 352.121.715 денари, во вкупниот буџет реализирани се 324.746.793 денари или 92%, додека во основниот буџет од планирани 126.845.582 денари реализирани се 111.730.367 денари односно 88%.
Согласно економската класификација расходите се делат на:
- тековно оперативни и капитални расходи.
Во тековно оперативни расходи спаѓаат:
*40-Платите, наемнините и надоместоците на вработените, во општината кои во основниот буџет се планирани во износ од 38.745.100 а се реализирани во износ од 36.845.340 ден. Истите зафаќаат 33% од вкупно реализираните расходи во основниот буџет.
* 41-резерви и недефенирани расходи-Во рамките на буџетот на општината се планирани средства за непредвидени случаи како тековна буџетска резерва. Истите кај нас се планирани во износ од 150.000 ден. и се со реализација од 100.000 денари.
*42-Стоки и услуги –Износот на стоки и услуги планирани во општинскиот буџет е 21.795.913 ден. од кои се реализирани 18.607.091 ден.(85%).Од нив патни и дневни 536.880 ден.( 300.000 ден. во програма А0 се платени за екскурзија на наградените ученици-матуранти ), комунални услуги, греење, комуникација и транспорт во износ од 5.143.467, материјали и ситен инвентар во износ од 3.703.110 ден. (канцелариски материјали, списанија и весници, прехранбени продукти и пијалоци, средства за одржување на хигиена и други материјали ), поправки и тековно одржување во износ од 2.835.920, ( поправки и сервисирање на лесни возила, на поправки и одржување на друга опрема, поправки и одржување на софтверска и хардверска опрема, одржување на улици и патишта и одржување на зелени површини), договорни услуги во износ од 1.773.430ден.(правни услуги, плаќање на судски такси, изработка на просторни и урбанистички планови, и други договорни услуги), други тековни расходи 2.604.332 ден. (членарини во домашни организации, расходи за репрезентација, објава на огласи и други оперативни расходи и привремени вработувања во износ од 2.009.952 денари.
-45-Каматни плаќања– Износот на каматата исплатена по основ на земени кредити од МСИП-2 изнесува 1.171.633 денари, имено тоа се кредити земени за доградба на детска градинка Весели цветови и за изградба и реконструкција на улици и патишта.
–46-Субвенции и трансфери-Во основниот буџет се планирани во вкупен износ од 2.750.000 ден. а се реализирани во износ од 2.227.523 денари, од нив (трансфери до здруженија на граѓани се реализирани во износ од 390.000 ден. и трансфери до спортски клубови реализирани се во износ од 465.750. Разни трансфери планирани во износ од 1.460.000, а реализирани во износ од 1.371.773 или 94%, (стипендии до студенти и ученици во износ од 438.500,плаќање по судски решенија 405.896, трансфери при пензионирање 109.170. и разни трансфери во износ од 418.207 денари.
-47-Социјални бенефиции планирани се во износ од 930.000 ден. а се реализирани во износ од 923.772 ден.од кои за новороденчиња 196.000и еднократна помош во износ од 727.772 ден.
Покрај тековно оперативните во основниот буџет се планирани и капитални расходи во износ од 56.118.269 ден. а се реализирани во износ од 46.777.144 ден. или изразено во проценти 83,3%, а во однос на вкупните расходи во основниот буџет процентот е 42%.
Во 2023година реализирани капитални расходи во износ од 46.777.144 ден., и тоа за : купување на Фолксваген Кеди –товарно возило; Изработка на новогодишни украси од железо; Изработка на новогодишни куќарки во градскиот парк; Обезбедување пристап до земјоделски патишта-Средни Бавчи;Поставување на Енергетски ефикасно осветлување во градскиот парк; Изградба на улици,тротоари и патеки на Градскиот зелен пазар; Изградба на потпорен ѕид на ул.Острец; Реконструкција на ул.Острец; Реконструкција на ул.Ванчо Прќе; Санација на дел од кров на Спомен дом АСНОМ; Реконструкција влез, влезен хол и на мала сала со сцена и галерија во Спомен дом АСНОМ; Реконструкциј на локален пат Л14 Делчево –с.Стамер; Реконструкција на дел од ПОУ Св.Климент Охридски во с. Тработивиште, крпење на дупки…
480140 – информатичка и видео опрема – 85.400 ден.,
480190-купување на друга опрема-286.726 (Велдарц-новогодишни фигури)
482110 – Изготвување на проекти -1.124.267 денари
482120 – Изградба на улици и патишта – 7.832.946 денари
482130 – Реконструкција на улици и патишта -7.656.818
482210 – Подготвување на проект за реконструкција на мост-141.600
482330-реконструкција на пречистителни станици и колектори-416.249
482710-Подготвување проекти,вклучувајќи дизајн на капацитети за водоснабдување-376.125
482730-Реконструкција на капацитети за водоснабдување-3.208.790
482910-подготвување проекти вклучувајќи дизајн на други објекти-851.746
482920-изградба на други објекти-12.374.768
482930-Реконструкција на други објекти-10.015.380
482940-Надзор над изградбата-461.937
485420-Надомест за одземен имот-1.444.394
486110-Купување на возила-500.000 (Фолксваген Кеди за струјари)
491190 – отплата на главница во износ од 5.077.864 денари
45-Каматни плаќања-1.171.633 денари.