“Чиста вода за Делчево – секоја капка е важна” е слоганот под кој денес го прославуваме Светскиот ден на водата, со што ја истакнуваме важноста на зачувувањето на овој драгоцен ресурс.Водата е извор на живот,клучна за сите облици на живот на нашата планета.Без чиста вода ,човештвото неможе да опстане.
Во склоп на овој настан се организираат спортски игри во кои учество ќе земат децата од детската градинка ‘’Весели Цветови”, ученици од двете основни училишта Св.Климент Охридски , Ванчо Прќе и од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Ќе се одржи и аукција на креативни дела изработени од нивна страна,а средствата ќе бидат донирани на деца од социјален ризик.
„Горд сум на нашиот град и на нашите напори да ги зачуваме водените ресурси.Меѓутоа нашата работа сеуште не е завршена. Мораме заедно да работиме на подигањето на свеста за важноста на штедењето на водата и зачувување не нашите водени екоресурси. Исто така многу е важно да инвестираме во инфраструктурата која подразбира одржливо управување со водените ресурси.Тоа вклучува модернизација на нашите системи за водоснабдување,кои што ќе овозможат намалување на губитоците на вода, со што ке ја зголемиме ефикасноста. Секако,зачувувањето на водените ресурси е од витална важност. Нашите водени ресурси не само што ни овозможуваат вода за пиење и наводнување,туку се и дом на многу растителни и животински видови. Мораме сите да се посветиме на заштита на нашите реки и езера, како би можеле да ја сочуваме биолошката разновидност и еколошката рамнотежа.
Во последните години целиот свет е сведок на сериозни предизвици, поврзани со достап до чиста вода.Изворите на вода се под закана на загадувањето,климатските промени и лошото управување со водените ресурси.Затоа од суштествено значење е сите да дејствуваме уште од денес за заштита на тој ресурс.
Денот на водата нека биде наш потсетник за да продолжиме да работиме на зачувувањето на водата како наш најдрагоцен ресурс за сегашните и идните генерации.Само заедно можеме да овозможиме нашиот град да остане витален и просперитетен во годините кои доаѓаат.
На сите треба да ни биде јасно дека тоа е наша заедничка одговорност да го чуваме овој ресурс за идните генерации.Само кога работиме заедно можеме да гарантираме дека сите ќе имаме достап до чиста и сигурна вода.
Водата е нешто кое го обединува целото човештво, рече градоначалникот Трајковски.
Активностите се дел од Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада и министерството за животна средина и просторно планирање, по повод одбележување на Светскиот ден на водата.