Во организација на Општина Делчево и Здружението Ромски едукативен и културен центар ТЕРНИПЕ МК Делчево, а под покровителство на градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, вечерва во Спомен дом АСНОМ се одбележа 8 -ми Април, меѓународниот ден на Ромите.
Одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите е дел од програмските активности на „БИДИ ВО КРУГОТ“„BE IN THE CIRCLE“,во организација на ТЕРНИПЕ МК -Делчево, под раководство на Ермина Реџепова, координатор на проектот.
Пред присутните свој говор имаше градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски кој меѓу другото истакна дека општина Делчево и локалната самоутрава ќе продолжат да создаваат општина на доверливи и одговорни граѓани кои ќе ја развиваат и практикуваат меѓуетничката инеграција свесни дека сите треба да бидеме креатори на општество кои промовира соживот, мир и разбирање. На свеченоста свој настап имаа членовите на КУД „Гоце Делчев“ и ТЕРНИПЕ МК-Делчево , како и гостите од Србија, ТЕРНИПЕ-Пирот, Србија.
Свеченоста беше во знакот на зачувување на традиционалнта култура,фолклорните обрасци со презентација на различните традиционални уметности,традиции и култури, кои придонесуваат за афирмација на културниот деверзитет и на соработка меѓу заедниците во Република Северна Македонија.
Одбележувањето на 8 -ми Април, меѓународнот ден на Ромите заврши со дегустација на традиционална трпеза.