ПАРКИРАЈ СОВЕСНО, ПАРКИРАЈ ОДГОВОРНО

  • Новости

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со МВР – Одделение за безбедност во патниот сообраќај, а со поддршка на РСБСП во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ реализираше едукативно-превентивна активност во Делчево. Акцентот беше ставен на зголемување на сообраќајната култура и подигнување на јавната свест за прописно паркирање. Флаерите со едукативна содржина беа делени на возачите и оставани на непрописно паркираните возила.

Оваа кампања е дел од мерките за едукација предвидени во Столб 4: Корисници на побезбедни патишта во Годишната програма за работата на ОСБСП Делчево за 2024 година.

Согласно распределбата на податоците за сообраќајни незгоди во однос на специфичното место на случување, во 2023 година во општина Делчево на паркинг се имаат случено две сообраќајни незгоди.

Shares