Делчево ја чествува 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев

04.05.2024 година со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма се одбележа 121 годишнината од смртта на великанот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.

Настанот започна со литературно читање за животот и делото на Гоце Делчев од страна на членовите на КУД „Гоце Делчев“ по што следуваше полагање на букети од свежо цвеќе.

Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претстваници на политички партии, здруженија на граѓани, локални институции и училишта положија свежо цвеќе на споменикот на овој великан оддавајќи почит на неговото дело и жртвата која ја дал за слободна Македонија.

 

Shares