Генерацијата матуранти 2020/2024 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура

  • Новости

Генерацијата матуранти 2020/2024 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот на Делчево што го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

Градоначалникот Трајковски во честитката упатена до матуранти потенцираше дека матурантите ја имаат моќта и можноста да го менуваат светот на подобро.

–          Не заборавајте дека овој наш град ги остава отворени вратите за вас, по вашето студирање, патување или прошетките низ светот, запаметете дека сакаме во Делчево да ја градите вашата иднина, тука да создавате семејства, порача Трајковски.

Магдалена Георгиевска, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како  и најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матранти во СОУ „М.М.Брицо“.

По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:

  1. Магдалена Георгиевска, ученичка во 4-2 клас
  2. Дамјан Маневски, ученик 4-2 клас
  3. Симона Ќурчиска, ученичка во 4-1 клас
  4. Ина Мишева, ученичка во 4-2 клас
  5. Ива Ивановска, ученичка во 4-2 клас
  6. Теодора Тодоровска, ученичка во 4-2 клас
  7. Филип Петровски, ученик во 4-1 клас
  8. Дариа Спасевска, ученичка во 4-2
  9. Милена Ордева, ученичка во 4-2 клас
  10. Горјан Малешевски, ученик во 4-2 клас

Годинава во СОУ „М.М.Брицо“ завршуваат 81 матуранти.

 

 

 

Shares