Денеска по барање на жителите на с.Ѕвегор, Градоначалникот на Општина Делчево организира Собир на граѓани на кој беа поканети да присуствуваат сите полнолетни жители на с.Ѕвегор, а присуствуваа претставници на жителите кои беа овластени да во нивно име разговараат за проблемот во врска со водоснабдувањето во с.Ѕвегор.
На Собирот покрај Градоначалникот беа присутни и раководителот на Секторот за урбанизам,заштина на животната средина ,комунални дејности сообраќај и ЛЕР, Советник за документација за градба и заштита на животна средина, Директорот на ЈКП Брегалница како и претставник на Проектот за водоснабдување на Делчево.
По излагањето на гледањето на проблемот од страна на Градоначалникот, свое образложение дадоа и останатите претставници на локалната самоуправа, по што претставниците на жителите на с.Ѕвегор имаа можност да поставуваат прашања и да добиваат одговори за прашањата што ги засегаат во врска со проблемот со немањето на вода за пиење.
Заеднички беа донесени заклучоци:
-Градоначалникот да побара итен состанок во Министерство за животна средина, како Договорен орган со изведувачот на работите на водоводната мрежа во с.Звегор, на кој состанок ќе присуствуваат и претставници на жителите на с.Ѕвегор со цел надминување на проблемот.
-Советот на Општина Делчево да донесе Одлука за ослободување од плаќање надомест за приклучок на корисници на социјална помош, жители на с.Ѕвегор.
Барање за состанок до Министерството за животна средина и просторно планирање е поднесено веднаш по завршувањето на Собирот.