Делчево е прва пилот општина каде се спроведува пилот проект од областа на Телемедицината

  • Новости

Општина Делчево отпочнува со реализација на Паметен дигитален градски пилот проект „Иновативен систем за нега на постари лица – Далечински мониторинг на пациентите и дијагностика во Општина Делчево“.

Проектот се однесува на зајакнување на административните капацитети на општините во Западен Балкан и Молдавија, а го спроведуваат НАЛАС и КДЗ, со финансиска поддршка од АДА.

Системот ќе го олесни далечинскиот мониторинг на пациентите и дијагностиката, особено насочен на постарите граѓани во оддалечените области на општината.

Проектот ќе биде од корист за најмалку 50 до најмногу 200 постари граѓани преку обезбедена опрема за следење на здраствени параметри од дома (ЕКГ, респирации, крвен притисок, сатурација, температура и пулс) и овозможува самонабљудување и поддршка на дијагностиката без потреба од физички посети на здравствените установи.

Во рамките на проектот се набавени соодветни уреди за далечински мониторинг за непосредна дијагностика и третман, со соодветна обука на медицински персонал – матични лекари, како и обука за волонтери или даватели на услуги за користење на набљудувачките уреди и процедура на распределување.

На тој начин ќе биде подобрен квалитетот на социјалните здравствени услуги за постарите граѓани преку иновативни решенија и дигитализација и ќе се реши проблемот со недостаток на примарни здравствени услуги во далечните области за време на непогодни услови или при неможност за движење.

Shares