Денеска градоначалникот Трајковски направи увид на градежните работи на новата детска градинка во населба Расадник.
Новата детска градинка ќе биде современ и уникатен објект кој ќе го краси Делчево, а неговата намена – да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст ќе значи и анулирање на листата на чекање за прием во детската градинка.
Новоизградениот објект, организациски и функционално ќе биде дел од постојната Јавна установа „Весели Цветови“, но ќе обезбеди независност во своето функционирање и ќе згрижува 130 дечиња. Односно шест групи со деца на возраст од две до пет години и две јаслени групи.
Pаботите се одвиваат според предвидената динамика и се во понапредна фаза.
Вредноста на работите е околу 60 милиони денари со ДДВ, обезбедени од комбинирани извори, од МТСП и од Општина Делчево, а изведувач е фирмата „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани.