Во рамките на предметот Историја и општество, ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ денеска имаа средба со градоначалникот Горан Трајковски кој ги запозна учениците со улогата и надлежностите на Општината и со должностите на градоначалникот, приоритетните проекти за реализација и начинот на кој функционираат одделенијата и секторите во Општина Делчево, но одговараше и на нивните прашања.
Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.