Покана за учество на прва форумска сесија

  • Новости

Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на првата форумска сесија која ќе се одржи на 29.11.2024 (петок) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот. Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2025 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината. Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба. Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Далчево. Го очекуваме Вашето присуство.

 Со почит.

 

Дневен ред за прва форумска сесија од буџетски форум 29.11.2024, Општина Делчево

 

ДНЕВЕН РЕД

 

12:00-12:15 Добредојде на присутните и вовед во програмата

12:15-12:25 Воведно обраќање од Градоначалникот/претставник од Општината

12:25-12:45 Презентација на буџетскиот Форумски процес

12:45-13:10 Презентација · Процес на буџетирaње · Структура на буџетот на општина Делчево

13:10-13:30 Утврдување структура на форумот/распределување по работни маси Утврдување начела за работа

13:30-13:45 Пауза

13:45-14:00 Преглед на реализацијата на буџетот за 2024 (заклучно со трет квартал) и планови за 2025 година

14:00 -14:30 Приоритетите за развој на општината за 2024 год. за програмите култура, спорт, образование и граѓански сектор, Презентација од Општина Делчево Дискусија по работни маси и презентација

14:30- 15:00 Следни чекори (одредување на термин за следна сесија) и Оценка на форумската сесија

Shares