Заврши изградбата на три улици во населба Пролет

  • Новости
Со поставување на нов асфалт, заврши изградбата на улица 3 , улица 5 и улица 6 во вкупна должина од 510 метри, со што населба Пролет добива нов урбан лик.
Овој инфраструктурен проект е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна и е во близина на централното градско подрачје.
Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба. Изградбата на останатите улици во „Пролет“ ќе се решава парцијално, наредниот период, а паралелно ќе се решава и експропријацијата.
Со изградба на улицата е изградена и атмосферска канализација во должина од 837 метри.
Средствата на овој инфраструктурен проект во висина од 9.323.837 денари без ДДВ се обезбедени од Владата на РСМ (МТВ) во 2023 година и кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.

Shares