Покана за учество на втора форумска сесија

  • Новости

Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на втората форумска сесија која ќе се одржи на 06.12.2024 (петок) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот. Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2025 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината. Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба. Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Далчево. Го очекуваме Вашето присуство.

 Со почит.

 

Дневен ред за втората форумска сесија од буџетски форум 06.12.2024, Општина Делчево

ДНЕВЕН РЕД

за втора форумска сесија за буџетски форум 

Делчево, Мултифункционален центар

06.12.2024

ДНЕВЕН РЕД

 

12:00 – 12:15   Добредојде, преглед на активностите од претходните сесии

Претставување на целите и дневниот ред на втората форумска сесија

 

12:15 – 12:20   Прзентација н резултатите од спроведен прашалник за собирање предлози за буџет на ЕЛС Делчево за 2025
12:15 – 12:30   Давање на предлог проекти  и презентација на проектите од страна на учесниците на форумот ,

Презентација на препораките и образложение за нив

 

12:30 – 12:45

 

Претставување на начинот на гласање и регулирање на правото на глас

 

12:45 – 13:00

 

Презентација на програмите кои ќе одат на гласање и гласање за програма

Презентација на резултатите

 

13:00 – 13:10

 

Критериуми за избор на проекти

 

13:10 – 13:20 Групирање на приоритетите и одобрување од Форумот
13:20 – 13:40

 

Одлучување за проектите (гласање за проекти)

Презентација на резултатите

13:40 – 14:00

 

Формирање на работна група за застапување и следење на форумските предлози и препораки

 

14:00 – 14:40

 

Консултација со граѓаните за ИРЛП документ
14:40 – 15:30

 

Обраќања од претставник на општина Делчево

Оценка на форумот во заедницата од страна на учесниците

Затворање на втората форумска сесија

 

Shares