Градоначалникот Трајковски на Завршната конференција од РОМАКТЕД програма Фаза II

  • Новости

 


Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во период од 11-13 Декември ,2024 година зема учество на Завршната конференција од РОМАКТЕД програма Фаза II во Истанбул,Турција.

На конференцијата учество земаат седум земји од Западен Балкан и Турција,високи преставници од Советот на Европа и Европската Комисија.

Целта на конференцијата е промовирање на резултати за успешно спроведената РОМАКТЕД програмата Фаза II која на територијата на Општина Делчево имплементираше во период од 2021 година до 2024 година и доделување на награда за успешно спроведена програма.

На 11 Декември,2024 година учествуваше на работна вечера која беше организирана од Градоначалникот на Општина Шишли, Истанбул г-н Ресул Емрах Шахан со високи преставници од Европската Комисија,Советот на Европа, Министри, преставници на Влада ,Градоначалници од седум земји (Албанија,Босна и Херцеговина,Црна Гора,Македонија,Србија и Косово) од Западен Балкан и Турција.

На 12 Декември,2024 година зема учество на Завршната конференција од РОМАКТЕД програма Фаза II и доделување на наградата за успешно реализирана програма која е доделена од г-н Клаус Неурич, Директор на Директоратот на програмата од Советот на Европа.

Shares