Традицијата живее во село Ѕвегор: Се одржа стариот обичај „Сурва“

  • Новости

Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица, локалниот обичај под маски Сурова. Главните актери во театарот на отворено на самиот ден Василица го бркаа лошото од Пијанец благословувајќи ги домаќините со сурова-млада и здрава нова година зачувувајќи ја автентичната традиција на весела свадбена поворка.

Денеска седумдесетина маски, меѓу кои задолжителните ликови на невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечкарите во Ѕвегор не одминаа ниту една куќа и задолжително ја играа улогата на ликот кој го претставуваат. Така, еротските игри асоцираат на плодноста, старите баби и мечкарите им помагаат на болните, а се црнат присутните и гостите за здравје. Белаците се војска кои со дрвени сабји и пушки ја чуваат невестата предвреме откриена.

Суроваскарите го завршија танцот во селото доцна попладнето и на трпеза подготвена од кумовите на годинешната свадбасе симнаа маските и се откри несветата.

Етнолозите овој обичај под маски во селото Ѕвегор го нарекуваат и Пијанечко Вевчани, поради уникатноста и вековноста на обичајот.

Shares