Јавен оглас за пожарникар СПАСИТЕЛ 2025

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 , 27/2016, 120/2018) и „Сл.весник на РСМ„ бр.110/2019 , 267/2020, 151/2021 , 288/2021, 111/2023) , член 20 г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ„ 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Сл.весник на РСМ„ бр.143/2019 , 14/2020, 215/2021 , 99/2022, 208/24 и 202/24) , член 11 од Законот за пожарникарство-пречистен текст („Сл.весник на РМ„ 168/2017) и член 2 од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата , содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор („Сл. весник на РМ„ бр.34/2015) , Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С бр. 1/2025

за пополнување на работно место во ТППЕ Делчево

Општина Делчево има потреба од пополнување на 1 (едно) работно место на неопределено работно време во ТППЕ Делчево и тоа:

  1. ПОЖ0210В04000 Пожарникар спасител  во ТППЕ Делчево 1 извршител

Општи услови за  работното место:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
  • активно да го користи македонскиот јазик

Општи работни компетенции на основно ниво за работното место се:

-учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);

Посебни услови за работното место :

  • – Вишо, средно гимназиско или средно стручно образование
  • – Уверение за положен стручен испит за пожарникари
  • – возачка дозвола за Б и Ц категорија
  • – без или со работно искуство

Распоред на работно време:

  • –   Работни денови: понеделник-недела
  • –   Работни часови неделно: 40
  • –   Работно време : работа во смени I смена(дневна смена) од 7-19 часот и II смена (ноќна смена) од 19-7 часот.

Паричен нето износ на плата за работно место: 30.006 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на Општина Делчево за 2025 год. се : Македонец(ка) 1.

  1. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса : Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1 Делчево, со назнака „За оглас за вработување бр.1/2025, секој работен ден од 7.30-15.30 часот .

Пријавата за вработување може да се подигне од архива на Општина Делчево или да се превземе од интернет страната на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk

Пријавата за вработување треба да содржи:

-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница);

– кратко мотивациско писмо;

– кратка биографија;

– изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно; изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

–  изјава за користење на лични податоци;

– изјава за веродостојност на податоците.

  1. Доставување на документација

-Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:

– Биографија –CV

– Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).

– Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

– Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар),

– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (оригинал),

– Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),

– возачка дозвола за положен возачки испит  Б и Ц категорија,

– сертификат за стекната квалификација пожарникар, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето)

  1. Постапка за селекција

Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;

Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите .

По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите .

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Комисијата за селекција,  ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена од денот на доставување на ранг листата.

  1. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

Јавен оглас за пожарникар СПАСИТЕЛ 2025

П-Р-И-Ј-А-В-А- за пожарникар

 

                                                                                    ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

Shares