ОСБСП Делчево и МВР ОВР Делчево со апел за празникот Св.Трифун – ВОЗИ БЕЗБЕДНО, ВОЗИ СО ЉУБОВ!

  • Новости

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, МВР ОВР Делчевосе приклучија кон кампањата на РСБСП – ВОЗИ БЕЗБЕДНО, ВОЗИ СО ЉУБОВ!

Во рамки на оваа кампања на неколку локации на патната мрежа во Делчево на учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни материјали изработени од РСБСП со укажување на важноста од совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот!Воедно, во кафулињата низ градот од страна на Советот за млади на Општина Делчево беа дистрибуирани едукативни материјали со пораки за безбедно учество во сообраќајот до младите лица. Целта на оваа еднодневна кампања е превентивно делување и подигнување на сообраќајната култура!

Алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и ја намалува нивната способност за брзо и ефикасно дејствување во случај на непредвидни ситуации и закани во сообраќајот.

ОСБСП Делчево со совети до учесниците во сообраќајот:

  • Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило;
  • Во патнички автомобил, на предното седиште НЕ СМЕЕ да се превезува лице коеочигледно е под дејство на алкохол;
  • Возачот НЕ СМЕЕ да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е поддејство на алкохол;
  • Кај професионалните возачи и возачите почетници НЕ Е ДОЗВОЛЕНО никакво количество алкохол во крвта.

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност!

Shares